Легендарниот Карл Хајнц Румениге си поднесе оставка на местото извршен директор на Баерн.
Познатиот фудбалер и фудбалски работник потпиша раскинување на договорот со саканиот клуб шест месеци пред истекот и неговата долгогодишна кариера во Баерн така завршува.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што е планирано неговата функција ќе ја преземе уште еден клупска легенда, Оливер Кан кој требаше да биде прв човек од 1. јануари наредната година.
Румениге уште претходно му дозволи на Кан да го води клубот. Имаше улога на ментор на легендарниот голман на кого прва голема работа му беше доведувањето на Јулијан Нагелсман за прв тренер.