Дома Фудбал Останато Румениге: Читам што правел Јувентус и не можам да поверувам

Румениге: Читам што правел Јувентус и не можам да поверувам

Легендата на Баерн и долгогодишен член на раководството на овој тим, Карл Хајнц Румениге не криел дека е голем противник создавањето на европската Суперлига.

Сега Румениге повторно зборуваше на ова тема и уште еднаш си го кажа својот став.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Целосно сум против тоа. Ние е ниту чудно што тој обид дојде од три клуба со големи финансиски проблеми. Сакаа да дојдат до голема финансиска заработка на брзина. Сега новиот предлог на Суперлигата од 20 отиде на 80 клубови, но европскиот фудбал не би издржал таква радикална промена. Од друга страна, она што треба што побрзо да се промени е финансискиот фер-плеј“, изјави Румениге.

Германецот ги прокоментира и скандалите кои неодамна се случуваа во Јувентус и Барселона. Торинскиот клуб е обвинет за финансиски малверзации, а каталонскиот за плаќање луѓе од судиското лоби.

„Читам што правел Јувентус и нем ожам да верувам. Никогаш претходно не сум слушнал нешто слично. Јувентус е важен клуб, рефернтна точка во италијанскиот и европскиот фудбал, но сега себе си даде голем автогол…Сега треба да тргне од нула.

„Барселона и судиите? Верувајте ми дека само се смеев кога ги читав тие вести. Но, тоа не ме чуди од нив. Секогаш кога игравме во Шпанија имав некое чудно чувство. Тоа се недозволиви работи кои не влијаат само на домашниот фудбал. Прашањето за арбитражата е нешто со кое треба сериозно да се позанимаваме“, изјави Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…