Фудбалерот на Баерн Минхен кој минатата година пристигна во германскиот гигант ова лето е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.
Карало Анчелоти нема намера да смета на услугите на Ренато Санчез, па токму поради тоа фудбалерот има желба да замине, а европските гиганти тука ја гледаат својата шанса.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Утрово пишувавме за интересот на Челзи за Ренато Санчез, а сега пристигна и потврда од директорт на Баерн Минхен Карл Хајнц Румениге, кој истакна дека покрај тоа што Конте се распрашувал има уште 10 клубови кои покажале интерес за младиот фудбалер.
„Постојат 10 клубови кои го посакуваат Санчез. Еден од нив е и Челзи, Антонио Конте после пријателскиот натпревар се распрашуваше за него бидејќи тој знае дека Санчез е фудбалер кој може да направи разлика на средината од теренот“.
„Санчез сака да игра повеќе, но треба да се каже дека Анчелоти е задоволен од тоа како тој го одработи пријателскиот натпревар. Ако тој замине, тоа сигурно ќе биде само позајмица. Ние сметаме на него во иднина“, изјави Румениге.