Дома Фудбал Англија После скандалот Румениге им се закани на фановите со ригорозни мерки

После скандалот Румениге им се закани на фановите со ригорозни мерки

Голем скандал го тресе германскиот фудбал, откако на натпреварот Хофенхајм – Баерн Минхен беа видени „срамни“ сцени.

На 15 минути пред крајот навивачите на Баерн Минхен истакнаа транспарент со крајно навредлива порака кон сопственикот на Хофенхајм, Дитмар Хоп, еден од најмоќните луѓе во Германија, нарекувајќи го „ку*кин син“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа беше причина судијата да го прекине мечот, а после десетина минути беше донесена одлука да се доигра. Фудбалерите се вратија на теренот, но не играа, само си ја подаваа топката на средината од теренот и чекаа да заврши мечот.

После мечот претседателот на Баерн, Румениге им се закани на фановите со сурови мерки.

„Се срамам и во исто време сакам да упатам извинување до господинот Хоп. Ништо не го оправдува ваквиот гест на фановите. За такви луѓе нема место на стадионите. Ќе преземеме ригорозни мерки“, изјави првиот човек на Баварците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Времето лета: Синот на Вејн Руни доби максимална понуда и е на прагот на големата сцена

Времето „лета“ и тоа ни го докажува и Кај Руни, шеснаесетгодишниот син на најголемата леге…