Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер би можел да направи сензационален трансфер на лето и да потпише за Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.
Договорот на Рудигер со Челзи истекува на лето и клубот потврди дека дефанзивецот ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ како слободен агент.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
ПСЖ и Реал Мадрид од поодамна се заинтересирани за Германецот, но сега во трката се вклучи и Манчестер Јунајтед.
Новиот менаџер Тен Хаг во Рудигер гледа идеално засилување, па дури сака да го направи нов капитен на „црвените ѓаволи“.
Јунајтед е спремен да ги задоволи финансиските барања на дефанзивецот и да му даде бонус при потпис на договорот.
🚨 Erik ten Hag is considering stripping Harry Maguire of the Manchester United captaincy and replacing him with Chelsea defender Antonio Rudiger at the back.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 19, 2022
(Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/1nwte4fvKx