Вчерашното дерби на „Олд Трафорд“ не беше на ниво на кое што очекуавме, најголемиот натпревар на Островот беше завршен без победник.
Ливерпул ја прекина максималната серија, додека со бодот Јунајтед покажа дека може да игра со лидерот на табелата кој според обложовалниците беше голем фаворит на вчерашниот натпревар. Рој Кин е еден од најгласните аналитичари на модерниот фудбал, делува дека Ирецот е ист и на теренот и надвор од него. Вчера ги коментираше настаните пред „војната“ кој според него се неприфатливи, а потоа следуваше и совет за Јунајтед во нападот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Многу лесно, доведете го Кејн од Тотенхем. Тие се во хаос, доведете го. Тоа треба да го прави Јунајтед, да оди по најдобрите. Секогаш така работеа“, изјави Рој Кин.
Останува да се види дали новата ситуација во Тотенхем може да кулминира со загуба на капитенот, играчите на Покетино веќе некое време не знаат за победа, а самиот Кејн во неколку наврати изјави дека сака да освојува трофеи. Тотенхем до сега не успеа во тоа, дали тоа би можел да го оствари на „Олд Трафорд“?