Дома Фудбал Англија Рој Кин за играчите на Јунајтед: Повеќе се грижат за фризурата отколку за играта!

Рој Кин за играчите на Јунајтед: Повеќе се грижат за фризурата отколку за играта!

Фудбалерите на Манчестер Сити вчера апсолутно заслужено го победи Јунајтед со 4:1 во градското дерби, „граѓаните“ доминираа на теренот и не оставија шанса на противникот.

Овој натпревар во студиот на „Скај Спорт“ го коментираа легендите на двата тима, Рој Кин и Мика Ричардс. Во еден момент Кин жестоко ги критикуваше фудбалерите кои сега настапуваат за неговиот поранешен тим.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


За Кин актуелните играчи на Јунајтед имаат лош пристап, порача и дека пет или шест играчи воопшто не заслужуваат да бидат дел од клубот.

„Повеќе се грижат за тоа каква им е фризурата, како изгледаат и дали имаат убави копачки отколку за тоа како играат на теренот. Само нека играат фудбал…“, порача Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Mурињо брутално искрен: Одржа лекција за случајот Престијани пред целиот свет!

После големото внимание што го привлече случајот на Џанлука Престјани, Жозе Мурињо конечно…