Во големото дерби на осминафиналето на Еуро 2020, Белгија ја совлада Португалија со 1:0 и така се пласираше во следната фаза од натпреварувањето.
Европа ќе добие нов шампион ова лето. Тоа стана јасно после вчерашната елиминација на се уште актуелниот шампион на Европа. Голот на одлука го постигна Торган Азар во 42 минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо и друштвото напаѓаа и создаваа шанси, но патот до мрежата од голот на Белгија не го пронајдоа.
Посебни критики после натпреварот добива младиот Жоа Феликс, прилично жесток кон него беше Рој Кин
„Жоао Фелкикс е измама. Потребен е на својата земја, а тој не може голот да го погоди, а вреди 100 милиони фунти?! Да сум Роналдо би го „бркал“ во соблекувалната“, порача Кин.