Дома Фудбал Англија Рој Кин е „крал“: Откри колку денес би вределе Гигс, Бекам, Ван Нистерлој и самиот тој

Рој Кин е „крал“: Откри колку денес би вределе Гигс, Бекам, Ван Нистерлој и самиот тој

kin

Легендарниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Рој Кин изјави дека не е нормално што денес поголемиот број фудбалери вредат повеќе од 50 милиони евра, без оглед на тоа колку играчот е добар.

Кин неколку пати изјавуваше дека парите станале најважниот фактор во фудбалот и дека денес се се врти околу нив. Поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“ е разочаран од вртоглаво големите суми и тоа што денес еден просечен играч не можете да го купите за помалку од 50 милиони евра.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во времето додека Кин играше за Манчестер Јунајтед беа далеку помали, а кога некој за вас ќе платеше 20 милиони евра тоа за ваш беше сензација. Кин за англиските медиуми зборуваше за поранешниот тим на Јунајтед и тоа колку денес би вределе најголемите ѕвезди на тој тим на „црвените ѓаволи“.

„Не можам да верувам каде оди овој фудбал и колку парите контролираат се. Еден Рајан Гигс денес би вредел две милијарди фунти и сигурен сум во тоа. Дејвид Бекам би можеле да го доведете за милијарда, толкава би била цената и на Руд Ван Нистерлој“, изјави Кин.

Кин одлучи да се пошегува кога новинарот го запраша што мисли колку тој би вредел во денешниот фудбал.

„Колку би вредел јас? Можеби 3.75 милиони фунти. Тоа не е ниту четири милиони, можеби и тоа е премногу“, низ шега прокоментира поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…