Дома Фудбал Англија Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нистерлој е нов тренер на Лестер.

Лестер го отпушти Стив Купер по поразот од Челзи. Тој остана во клубот само неколку месеци, преземајќи ги „лисиците“ летово по заминувањето на Енцо Мареска.

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча ги водеше „црвените ѓаволи“ пред доаѓањето на Аморим.

Ван Нистерлој доби понуда и од Хамбургер, но негов приоритет беше останување во Премиер лигата и се договори со „лисиците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија против Франција: Нападот на Италија предводен од браќата Еспосито и Моисе Кин

Италија со агресивен состав против Франција, вклучувајќи ги браќата Еспосито и Моисе Кин, …