Во Монако вчера се одржа ждребот за групите во Лигата на шампионите.
Како и секогаш во групната фаза не очекуваат фантастични натпревари бидејќи добивме неколку одлични групи. Како „група на смртта“ се сметаа она во која се сместени Барселона, Борусија Дортмунд, Интер и Славија Прага.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После извлегкувањето на групите се огласи капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс кој изјави дека во екипата со неговите соиграчи посакувале да играат против Барселона.
„Неколкумина од нас утрово на доручекот зборувавме дека би биле среќни ако играме против Барселона. Тоа е одлично и неверојатно е што токму тоа се случи на извлекувањето“, изјави Ројс.