Дома Фудбал Роналдо ја обвинува „валкната коалиција“ за лошите резултати на Реал Мадрид

Роналдо ја обвинува „валкната коалиција“ за лошите резултати на Реал Мадрид

ronaldo

По поразот од Еспањол, шпанските медиуми го исфрлаат „валканиот веш“ од „Бернабеу“.

„Диарио Гол“ пишува во денешното издание, повикувајќи се на неименувани избори блиски до Кристијано Роналдо, дека најдобриот играч смета дека најголемата одговорност за лошата сезона треба да ја сноси претседателот на клубот, Флорентино Перез, како и тренерот Зинедин Зидан.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вината на Перез како што се наведува, е во тоа што дозволил да заминат Алваро Мората, Хамес Родригез и Пепе, т.е. играчите кои дадоа голем допринос во далеку поуспешната измината сезона.

Нивните заминувања се надоместени со доведувањето на Ваљехо, Ернандез и Дани Себаљос, што по мислењето на Роналдо е несериозно.

На Зидан, Португалецот му замерува што не го дигнал гласот против овие мерки на претседателот, односно што со своето молчење аминувал ослабување на екипата во однос на минатата година.

Колку овие податоци се вистинити и во која мерка останува да погодуваме, бидејќи ниту еден збор на Кристијано Роналдо не е цитиран, иако, како што вели народната поговорка, „Каде има чад, има и оган“.

Јасно е како ден дека Реал нема да ја одбрани титулата во Примера, од Купот на Кралевите е елиминиран, така што последната надеж е Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…