Дома Фудбал Англија Роналдо удри и по сопствениците: Јунајтед нема да биде меѓу најдобрите во следните две три години

Роналдо удри и по сопствениците: Јунајтед нема да биде меѓу најдобрите во следните две три години

Утре вечер ќе се емитува првиот од двата дела во големото интервју на Кристијано Роналдо за Пирс Морган, а во меѓувреме се објавуваат кратки исечоци од разговорот.

По деловите во кои Роналдо зборуваше за Тен Хаг и Руни сега е изваден дел каде што зборува за сопствениците на Манчестер Јунајтед.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„На сопствениците на Глејзерс им е гајле за клубот, мислам на професионалиот и спортскиот дел. Знаете дека Манчестер Јунајтед е маркетинг клуб, тие добиваат пари од маркетинг и за спортскиот дел не се грижат многу според мене. Со Глејзерс никогаш не сум разговарал, тие за се го овластуваат извршниот и спортскиот директор“.

Голем дел од фановите на Манчестер Јунајтед имаат негативно мислење за Глејзерс, а Роналдо порачува дека фановите секогаш се во право.

„Секогаш фановите се во право. Мислам дека треба да ја знаат вистината. Треба да знаат дека фудбалерите посакуваат се најдобро за клубот, јас го сакам најдоброто за Јунајтед затоа се вратив, го сакам клуб. Но внатре има некои работи во клубот кои не дозволуваат Манчестер Јунајтед да го достигне нивото на Сити, Ливерпул, па дури и Арсенал сега. Навистина е комплицирано. Според мене тешко дека Јунајтед ќе биде меѓу најдобрите во следните две-три години“, зборува Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…