Најдобриот португалски фудбалер Кристиано Роналдо повторно е номиниран за Златна Топка, наградата која се доделува од страна на „Франс Фудбал“.
„Франс Фудбал“ вчера објави листа од 30 фудбалери кои се помеѓу кандидатите за споменатата награда, а Роналдо повторно го најде своето место помеѓу нив.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Тоа му е веќе шеснаесетти пат да биде номиниран за потенцијален добитник. Португалецот секоја година од 2004. па наваму се наоѓа на списокот на играчи кои се номинирани за „Златна Топка“.
Од претходните 15 номинации, Роналдо пет пати ја освојувал Златната топка, а како што стојат работите таа оваа година нема да забрши во неговите раце затоа што главни фаворити за истата се Вирџил Ван Дијк и Лео Меси.