Кристиано Роналдо повторно е во центарот на вниманието поради своето арогантно однесување.
Манчестер Јунајтед синоќа победи на гостувањето кај Шериф, а Роналдо го постигна својот прв гол во Лига Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една од девојките кои беа дел од медицинските лица на Шериф, на влезот од тунелот побара фотографија со Роналдо, но Португалецот одби, одмавнувајќи единствено со раката.
Молдавските медиуми пишуваат дека девојката останала да плаче и била шокирана од потегот на Роналдо.
Роналдо веднаш наиде на огромни критики не само од фудбалската јавност туку и од навивачите на Манчестер Јунајтед бидејќи неговиот вечерашен потег навистина не е во стилот на големите ѕвезди.
A fan asked Ronaldo for a picture during the halftime of the United game but he refused to take it… pic.twitter.com/qYIRsvmtQU
— LSPN FC (@LSPNFC_) September 15, 2022