Фудбалерите на Португалија синоќа беа поразени во гости против Украина со 2:1, а натпреварот беше во центарот на вниманието поради Роналдо.
Роналдо во финишот на натпреварот успеа да го ублажи поразот на својата репрезентација кога постигна гол од пенал. За него ова беше голем јубилеј бидејќи тоа беше негов 700. погодок во кариерата.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Португалецот се огласи на социјалните мрежи со интересно видео во чест на големото достигнување.
„Горд сум што го постигнав 700. погодок во кариерата и сакам тоа да го споделам со сите што ми помогнаа да дојдам до тоа. Денеска не го добивме резултатот кој го посакувавме, но заедно ќе се избориме за пласман на ЕП.“ – порача Роналдо.