Дома Фудбал Италија Роналдо сам одлучува кога ќе игра, а кога нема да игра

Роналдо сам одлучува кога ќе игра, а кога нема да игра

Кристиано Роналдо самиот бира на кои натпревари ќе игра, а на кои нема да игра, пренесуваат италијанските медиуми.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Роналдо не сакал да игра против Беневенто за да се одмори и да биде спремен за мечот во Лигата на шампиони.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Весникот нагласува дека Пирло нема контрола над соблекувалната, а особено не може да го контролира Роналдо.

Португалецот има таква слобода што самиот бира на кои натпревари ќе игра, па сметал дека нема потреба да игра против Беневенто. Тоа не заврши добро за „бјанконерите“ кои одиграа само 1:1.

Роналдо сега е спремен за натпреварот против Динамо Киев во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ужас на влезот на Мостар: Маскирани навивачи извршија брутален напад и го запалија автомобилот (Видео)

Во вторникот наутро се случи тежок инцидент на магистралниот пат М-17, на влезот во Мостар…