Кристиано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ вчера веројатно го одиграа последниот натпревар еден против друг.
Милан во неверојатен натпревар го победи Јувентус со 4:2, двајцата (Роналдо и Ибрахимовиќ) постигнаа по еден гол. Ибрахимовиќ со голот од пенал во 62. минута го започна неверојатниот пресврт.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Роналдо се обиде пред пеналот да го испровоцира Златан. Му дофрли неколку збора, но шведскиот напаѓач ладнокрвно погоди за 1:2. Откако постигна гол Ибра се сврте кон ѕвездата на Јувентус и му испрати поглед, додека Роналдо се насмеа.
