Кристијано Роналдо минатата недела повторно беше исклучен во натпреварот од Суперкупот на Саудиска Арабија откако удри противнички играч и тргна да го нападне и главниот судија.
Поради ваквиот потег, Дисциплинската комисија на лигата во Саудиска Арабија го суспендираше Португалецот на два натпревари, а освен тоа ќе мора да плати и парична казна од 5.000 евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ал Наср испрати жалба на одлуката, тврдејќи дека црвениот картон на Португалецот бил неправедно додален затоа што немало насилно однесување.
Отсуството на Роналдо во наредните два натпревари нема да остави некои големи последици бидејќи клубот веќе нема шанси да ја освои шампионската титула, а Роналдо има голема предност на врвот на листата стрелци пред Александар Митровиќ кој е повреден.
Ronaldo reacts with passion after getting a red card 🟥💪🏼 Even at 39 Ronaldo still keep his intensity and competitive mindset 👏 pic.twitter.com/BxphJKkIrB
— Svetlana (@laneksa7) April 8, 2024
За Роналдо ова е уште една казна за Роналдо откако претходно беше суспендиран поради неспортски потег кон навивачите.