Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Роналдо: Од цела година промашив пенал баш кога најмногу требаше…

Роналдо: Од цела година промашив пенал баш кога најмногу требаше…

Кристијано Роналдо беше блиску да биде трагичар за Португалија во вчерашното осминафинале на Европското првенство.

Португалецот не реализираше најстрога казна во судиското продолжение, но благодарение на неверојатниот Диого Кошта кој одбрани три пенали во пенал рулетот Португалците се пласираа помеѓу најдобрите осум.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


По натпреварот Роналдо се огласи и зборуваше и за ситуацијата со промашениот пенал.

„Вакви моменти тешко се објаснуваат. Можев да донесам водство на тимот, но не го направив тоа. Облак одбрани, цела година не промашив пенал се до овој момент. Не погодив кога беше најпоитребно…Солзите? И најдобрите имаат вакви денови, тажен бев бидејќи на тимот му беше потребен гол.

Го играм последното Европско првенство. Но, не сум трогнат од ентузијазмот. Ми беше жал за фановите, кога сум на теренот во овој дрес секогаш ќе го давам најдоброто. Во тешките моменти треба да преземете и одговорност. Беше навистина тешко, меѓутоа фудбалот е таков. На крајот победивме и заслуживме да сме помеѓу најдобрите осум“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Официјално: Тотенхем има нов тренер

Екипата на Тотeнхем го потврди ангажманот на Томас Франк кој потпиша договор до 2028 годин…