Пред неколку дена спортските медиуми во Италија објавија дека Јувентус му понудил на Роналдо продолжување на соработката до 2024 година, сега пристигнува нешто како дополнување на оваа вест.
„Старата дама“ од Торино направи одличен потег со ангажманот на Роналдо и не е чудно што сакаат да ја продолжат соработката. Сепак, денес на Апенините се пишува дека Роналдо ја одбил понудата затоа што размислува за американската МЛС лига.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Според информациите Роналдо има намера после истекот на актуелниот договор со Јувентус да се пресели во САД. Кога е САД во прашање Португалецот веќе се поврзуваше со тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.
Наводно Роналдо веќе разговарал со Бекам да дојде во неговиот клуб летото 2022 година. Нема сомневање дека доаѓањето на Роналдо во Интер Мајами за Бекам би бил полн погодок, посебно од маркетиншка страна.