Кристијано Роналдо moжеше да биде трагичар за Португалија во осминафиналето на Европското првенство бидејќи промаши пенал во судиското продолжение, но „европските Бразилци“ сепак благодарение на одличниот Диого Алвеш во пенал серијата ја елиминираа Словенија.
По натпреварот во јавноста беа објавени информации за отчукувањата на срцето на Роналдо додека го изведуваше пеналот во пенал серијата, а кога го изведе, технологијата покажа дека пулсот му е само 100 отчукувања во минута.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За ваквата информација одговорна е компанијата „The Overlap“ чиј уред го носел Роналдо за време на натпреварот, а тоа може да му направи проблем на Португалецот бидејќи споменатата компанија јавно се пофали со собраните податоци.
This chart has been circulating today. @Cristiano x @WHOOP is ambush marketing to @EURO2024. It is illegal and both the player and the company should be fined. pic.twitter.com/Q2jv98pFrw
— Ricardo Fort (@SportByFort) July 3, 2024
Имено, Роналдо сега е обвинет за „маркетинг од заседа“ или „рекламирање од заседа“, а УЕФА би можела да го казни. Во минатото сведоци сме биле како фудбалери добивале одредени казни за вакви ситуации.