Дома Фудбал Останато Роналдо направил скандал во соблекувалната после неодиграниот меч со Наполи?

Роналдо направил скандал во соблекувалната после неодиграниот меч со Наполи?

Натпреварот од 3. коло во Сериј А помеѓу Јувентус и Наполи не се одигра затоа што гостинските фудбалери не се појавија во планираниот термин.

Фудбалерите на Јувентус го испочитуваа протоколот до крајот, излегоа на терен заедно со судиите, но натпреварот не се одигра.


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


Кога се вратија во соблекувалната Кристиано Роналдо направил скандал откако му соопштиле дека не може веднаш да оди на собирот со репрезентацијата.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Роналдо бил беснеел пред клупското раководството и играчите затоа што морал да остане во хотелот и да чека дозвола од здравствените власти.

Тоа воопшто не му се допаднало, а на крајот на сопствена одговорност го напуштил хотелот и отишол во својот дом за во понеделникот да и се приклучи на Португалија.

Во меѓувреме отворена е истрага за играчите на Јувентус кои го напуштиле хотелот, додека дисциплинската комисија на ФС Италија следната недела ќе донесе одлука за натпреварот против Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Храбрата Турција не издржа: Холандија со пресврт закажа полуфинале со Англија! 🎥

Oдигра храбро Турција и остави добар впечаток, но сепак Холандија е последниот полуфиналис…