Дома Топ вести Роналдо мора да плати 18.8 милиони евра за да не оди во затвор!

Роналдо мора да плати 18.8 милиони евра за да не оди во затвор!

Кристиано Роналдо одлучи да прифати спогодна со судот во Шпанија, откако се докажа дека е виновен за затајување на данок.

Шпанскиот суд го осиди Роналдо на 23 месеци затвор, но португалскиот ас нема да оди во затвор бидејќи се договори да плати парична казна. Судот дозволува фудбалерот да си ја „откупи“ казната бидејќи станува збор за дело во кое немало насилство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Па така Роналдо двегодишната казна ќе ја одработи условно, но ќе мора да плати 18,8 милиони евра како оштета за затајувањето на данок.

Роналдо утрово се појави во Мадрид заедно со својата вереница Георгина Родригез, а според неговиот израз на лицето може да се заклучи дека е задволен од казната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Teр Штеген заминува: Го избрал и новиот клуб?!

Марк-Андре Тер Штеген наскоро би можел да биде нов голман на Жирона! Според каталонскиот н…