Дома Фудбал Останато Роналдо: Ми требаат хејтери, поради нив сум најдобар!

Роналдо: Ми требаат хејтери, поради нив сум најдобар!

Ѕвездата на Реал Мадрид и еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристиано Роналдо истакна дека му се потребни хејтери за да го мотивираат да биде уште подобар на теренот.

„Фудбалот ме научи да ги користам негативните луѓе како мотивација и инспирација. Навистина ми требаат непријатели бидејќи ништо не би постигнал без нив во кариерата. Никој не е покритичен од јас самиот“, изјави Роналдо.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Португалецот во опширно интервју проговори за многу теми, како неговиот однос со Лео Меси, Зинедин Зидан, Алекс Фергусон неговите идоли итн.

„Јас и Лео не сме добри пријатели, но постои обостран респект. Медиумите тоа го гледаат како ривалство, но ние двајцата не“, тврди Роналдо, кој за Фергусон вели дека го смета како татко.

„И понатаму го сметам како татковска фигура. Сите тренери во мојата кариера беа важни, но кога стигнав во Англија сеуште бев дете. Таму во еден од најголемите клубови на светот беше Сер Алекс кој ми беше како татко и беше многу важен за мене“.

Неговите идоли од детството биле неговите славни сонародници.

„Како мал им се восхитував на Фиго и Руи Коста, но никогаш не сакав да ги престигнам било кој од нив“, заврши Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса ја „краде“ големата желба на Реал Мадрид

Барселона се вклучи во трката за потписот на  за дефанзивецот на Леверкузен и германската …