Кристијано Роналдо претходната година потврди дека го купил еден од десетте примероци на Бугати Чентодјечи.
Португалецот има неколку импресивни автомобили во својата гаража, но сега дефинитивно ќе го има најдоброто.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бугати овој модел го произведува во само десет примероци и фудбалерот на Јувентус може да се пофали дека е тој еден од сопствениците.
Тоа ќе биде четврти Бугати во неговата гаража, но Чентодјечи е посебен и многу поскап од останатите модели.
Се работи за модел од 1577 конски сили, достигнува максимална брзина од неверојатни 380 километри на час, а до 100km/h стигнува за само 2.4 секунди.
Од Бугати му соопштија на Роналдо дека на почетокот од овој месец започнале со производство на овој модел, а сопствениците можат да ги добијат на почетокот од следната година. Тоа ќе биде совршен поклон за 37. роденден на Роналдо.