Дома Фудбал Останато Роналдо добро ја плаќа послугата, но мора да потпишат посебен договор пред да влезат во вилата

Роналдо добро ја плаќа послугата, но мора да потпишат посебен договор пред да влезат во вилата

Кристиано Роналдо не штеди пари кога е послугата во прашање, меѓутоа соработката со најпопуларниот фудбелер на светот значи и одрекување од нормалниот живот.

Роналдо е најплатен фудбалер во историјата и во Ал-Наср заработува 200 милиони евра по сезона, плус има богати спонзорски договори со многу компании.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Медиумите откриваа дека да се биде послуга кај Роналдо воопшто не е лесно, но е добро платено. Па така куварот, батлерот и собарките заработуваат од 6.000 евра месечно па нагоре.

Меѓутоа, пред да влезат во неговата вила мора да потпишат специјален договор.

Имено, секој вработен во неговата вила потпипува „договор до смрт“, односно не смее ништо да открива за неговиот приватен живот 70 години после неговата смрт.

Едноставно, вработените во неговата вила не смеат на никого да му кажат како им поминал нивниот работен ден или како живее најпопуларниот фудбалер во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…