Дома Фудбал Италија Роналдо го доби Јувентус на суд, ќе добие 19 милиони евра

Роналдо го доби Јувентус на суд, ќе добие 19 милиони евра

Кристиано Роналдо го доби судискиот спор против неговиот поранешен клуб Јувентус за неисплатени плати и сега „старата дама“ ќе мора да му исплати 19,5 милиони евра.

Поради корона пандемијата која започна пролетта 2020 година, Јувентус имаше финансиски проблеми и постигна договор со своите играчи да им плаќа само дел од платата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според договорот требало по одредено време, кога работите ќе се стабилизираат клубот да им го исплати остатокот од платата.

Роналдо се согласил на тоа, но Јувентус потоа не им го исплатил остатокот од платата. Поради тоа Португалецот отвори судска постапка, која денес заврши во негова полза.

Судот пресуди Јувентус да му исплати на Роналдо 19,5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Премиерлигаш во два часот по полноќ го отпушти тренерот – ќе има четврти стратег сезонава!

Падна уште еден отказ во англиската Премиер лигата откако по ремито со Вулверхемптон, Ноти…