Кристиано Роналдо во своето последно интервју зборуваше и за ривалството со Лионел Меси за кое кажа дека го направило подобар играч.
Ѕвездата на Јувентус зборуваше за португалскиот ТВ канал „ТВИ“, а најмногу внимание привлече неговата изјава за Лионел Меси, аргентинскиот ас со кого фудбалскиот свет го псоредува скоро во целата негова кариера.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Навистина се восхитувам на кариерата што ја имав досега. Тој и самиот ви кажа дека имал проблем кога ја напуштив шпанската лига бидејќи тоа беше ривалство кое и двајцата го ценевме. Тоа е позитивно ривалство кое е добро за вас. Мајкл Џордан имаше ривали во кошарката, Аритон Сена и Алан Прост беа големи ривали во Формула 1…Една заедничка точка на големите ривалства во спортот е тоа што тие се здрави ривалства“.
„Нема соменвање дека тоа ривалство ме направи подобар подобар играч, сигурен сум дека и кај Лео е така“.
Португалецот истакна и дека со Меси секогаш добро се сложувале, иако не биле премногу блиски, меѓутоа тој изрзи надеж во иднина тоа да се промени.
„Никогаш не сме вечерале заедно, но би можеле тоа да го направиме во иднина, зошто да не? Не би имал никаков проблем со тоа. Тој е Аргентинец, баш како и мојата партнерка“, порача Роналдо.
На крајот Ронлдо зборуваше за Жоао Феликс.
„Верувам во него. Тој е брилијантен играч кој има голем потенцијал, иако има уште делови од играта кои треба да ги поправи. И Жоао и Бернардо Силва се одлични, иако Бернардо е нешто постар. Не се сомневам дека двајцата ќе бидат успешни. Жоа се пресели во Шпанија и тоа потешка лига и игра портив потинакви играчи. Мора да биде ментално спремен за да се носи со критиките“, изјави Роналдо.