Дома Фудбал Англија Роналдо: Ако не победевме ќе беше тешко да ја поминеме групата

Роналдо: Ако не победевме ќе беше тешко да ја поминеме групата

Кристиано Роналдо вчера со голот во последните минути од натпреварот против Виљареал обезбеди победа за Манчестер Јунајтед.

Со овој гол Роналдо само си го зацврсти статусот на незаменлив меѓу навивачи кои беа фрустрирани затоа што Јунајтед после две кола можеше да остане без победа во ЛШ, но Роналдо ја спаси ситуацијата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Поради ова се вратив, ми недостасуваше овој клуб. Имам успешна историја со Јунајтед и сакам да ги повториме успесите. Не само поради мене, туку и поради тимот. Ако не победевме вечерва ќе беше тешко да ја поминеме групата. Се надевам ќе успееме во нашата цел“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид прави гранитна одбрана

Флорентино Перез ги одреди целите за иднината на Реал Мадрид, а Чаби Алонсо јасно нагласи …