Дома Фудбал Роналдо ако не го промени исказот ќе добие 7 години затвор!

Роналдо ако не го промени исказот ќе добие 7 години затвор!

Најдобриот фудбалер на светот и ѕвезда на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо треба да донесе голема одлука во следните денови.

Португалецот има 13 дена да признае дека е виновен по обвинението за затајувње на данок, откако пред една недела се изјасни како невин во судот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според шпанските медиуми, доколку Роналдо не го погази егото и ако продолжува да се изјаснува како невин, шпанскиот суд би можел да го осуди на седум години затвор.

Доколку Роналдо признае дека е виновен, пресудната најверојатно ќе биде најмногу до две години, што ќе му овозможи на фудбалерот да ја исплати казната и да го избегне затворот.

На ист таков начин Лео Меси се спаси од решетки, откако беше осуден на 21 месец затвор, но претходно призна дека е виновен.

Според шпанските закони пресуда до 24 месеци затвор може да се компензира со одредена сума на пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо „ладен“ како и секогаш: Целиот стадион ќе ме навредува? Едвај чекам!

Кристијано Роналдо и неговата Португалија ги очекува натпревар против Ирска на гости, а ја…