Бразилската фудбалска легенда, Роналдињо го советуваше Ерлинг Халанд во изборот на неговиот нов клуб.
Норвешкиот напаѓач од редовите на Борусија има разни понуди од европските гиганти кои сакаат да го доведат во своите редови, а бразилската легенда даде неколку совети на младата ѕвезда.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Имав прилика да одам во Манчестер Јунајтед во 2003 година, за условите во тоа време добив огромна финансиска понуда, но избрав да одам во Барселона затоа што тоа беше нешто за кое сонував. Халанд мора да го следи својот сон, но јас не знам кој е точно неговиот сон“, изјави Роналдињо.
Халанд во овој момент не се грижи многу за тоа каде ќе продолжи, а новинарот Фабрицио Романо објави дека Норвежанецот не донел одлука каде ќе игра следната сезона и дека тоа ќе го направи по завршувањето на актуелната сезона.