Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо повторно се најде во центарот на вниманието.
Некогаш најдобриот фудбалер на светот веќе со месеци е “заробен“ во Парагвај каде одредено време помина во затвор поради влез во државата со лажен пасош, а моментално е сместен во луксузен хотел кој му служи како домашен притвор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, она што може да му донесе нови проблеми е кршењето на сите прописи околу пандемијата, бидејќи од неговата соба дневно поминуваат десетина жени.
Парагвајскиот дневен весник HOY објави дека Роналдињо редовно прави забави. Жени константо доаѓаат и заминуваат, а поранешната фудбалска ѕвезда им подарува поклони.
Оваа вест пристигнува откако наводно е договорено Роналдињо и неговиот брат да го напуштат Парагвај во текот на оваа недела. За него е планирана условна казна од две години и парична казна од 100.000 долари.
Сепак, ако се утврди дека повторно ги кршел правилата, постои можност уште некое време да остане во Парагвај.