Дома Фудбал Италија Рома ќе го раскине договорот со Џеко

Рома ќе го раскине договорот со Џеко

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Рома сака да го раскине договорот со Џеко на крајот на сезоната.

Џеко има договор со римскиот клуб до 2022 година, но најверојатно двете страни спогодбено ќе ја раскинат соработката.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Наводно, спортскиот директор на Римјаните, Тиаго Пинто, веќе е во потрага по нов напаѓач, кој заедно со Мајорал ќе го предводи нападот на Рома следната сезона.

Прв на списокот со желби е напаѓачот Торино, Андреа Белоти и Рома веќе стапила во контакт со неговиот менаџер.

Римјаните прво треба да се договорат со Џеко за прекинување на соработката, бидејќи Босанецот годишно заработува 7,5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Капело смета дека Босна и Херцеговина е полесен противник од Велс за Италија

Познатиот тренер ја истакнува добрата техника на репрезентацијата на БиХ, за која верува д…