Aнглискиот напаѓач Тами Абрахам направи вистински потег со трансферот во Рома затоа што ја игра сезоната на кариерата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сезонава Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови. Како еден од посериозните во својата намера се споменуваше Манчестер Јунајтед.




Од Јунајтед имале намера и да започнат преговори, но пораката од Рома може лесно да ги откаже. Имено, кој го сака Абрахам ќе мора да плати 120 милиони евра, тоа е одлуката која ја донесе раководството на римскиот клуб.




Поранешниот играч на Челзи веќе е Англичанецот со најмногу голови на сите турнири меѓу играчите во топ 5 европските првенства.