Андреа Белоти е еден од најдобрите италијански напаѓачи, а на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Торино.
Белоти влегува во последната година од договорот со „биковите“ и нема намера да го продолжи, а на маса веќе има неколку понуди.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Белоти веќе подолго време се поврзува со трансфер во Милан, но сега во трката за неговиот потпис сериозно се вклучи и Рома.
Џеко на лето најверојатно ќе ја напушти „волчицата“, а Мурињо смета дека Белоти би бил идеален наследник на Босанецот.
Торино за неговата слобода бара 35 милиони евра, а Рома е спремна да понуди 30 милиони плус бонуси.