Рома очигледно нема намера да застане со купување.
Откако денес пристигнаа Хавиер Пасторе како најголема ѕвезда, Сантон и Зиноли како дел од трансферот на Нинголан оваа недела во Рим би можела да биде закажана и уште една промоција.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Имено, Џанлука Ди Марцио пренесува дека фудбалерот на Ленс, Вилијам Бијанда денес пристигнал во Рим на медицински прегледи, по што ќе стави потпис на петгодишен договор со „волчицата“.
Рома за 18 годишниот фудбалер ќе плати сума од пет милиони евра, а се очекува Бијанда веднаш да биде испратен на позајмица во клуб од Серија А.