Раководството на Рома е во потрага по нов напаѓач бидејќи Един Џеко најверојатно ова лето ќе го напушти „Олимпико“.
Прва желба е Аркадиуш Милик, но Наполи за неговата слобода бара 40 милиони евра, сума која „волчицата“ не е спремна да ја плати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Рома се насочува кон Криштпф Пјонтек, кој во јануари го напушти Милан и се пресели во Херта.
Полскиот напаѓач има искуство во Серија А каде две сезони ги тресеше противничките мрежи и е спремен да се врати во Италија.
Цената на „Пистолеро“ во моменов изнесува 25 милиони евра, сума која Рома е спремна да ја плати.