Лацио ја доби битката за потписот на капитенот на Милан, Алесио Ромањоли, пренесуваат медиумите на Апенините.




Договорот на Ромањоли со Милан истекува на крајот на сезоната, а двете страни од поодамна ги прекинаа преговорите за продолжување на соработката.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Милан веќе го договори трансферот на Свен Ботман од Лил, кој треба да биде замена за Ромањоли.
Според последните информации Ромањоли кариерата ќе ја продолжи во Лацио, клуб за кого навива од дестсвото бидејќи е роден во Рим.




Двете страни постигнале договор за 5-годишна соработка според кој Ромањоли ќе заработува 3 милиони евра по сезона.