Дома Фудбал Англија Роман Абрамовиќ останува во Челси

Роман Абрамовиќ останува во Челси

Англиските медиуми утрово објавија дека рускиот тајкун Роман Абрамовиќ одлучил да го напушти Челси и да го продаде лондонскиот клуб.

Абрамовиќ од Сините направи еден од најдобрите англиски клубови, а Сандеј Тајмс утрово објави дека одлучил да го продаде клубот. Дури беше објавено дека Роман донел одлука за цената и порачал на своите соработници дела доклку сака некој да стане сопственк на Челси мора да плати две милијарди фунти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, ЕСПН денеска ги демантираше овие наводи во англиските медиуми и објави дека од извори блиски до клубот дознаваат дека Абрамовиќ воопшто нема намера да го напушти Стемфорд Бриџ.

Абрамовиќ веќе неколку месеци не доаѓа во Лондон поради проблеми со британската виза. Таа одлука ќе биде на сила се додека не се смират политичките тензии на релација Велика Британија – Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А с…