Арсенал славеше во големото лондонско дерби против Челси со 1-0, а тоа го врати на лидерската позиција во англиската Премиерлига.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Габриел од Арсенал, додека Челси играше лошо и не успеа да се закани кон голот на Рамсдејл.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лош натпревар имаше и Пјер-Емерик Обамејанг, кој беше невидлив на теренот, а по мечот доби провокација од Арсенал.
Габриел ја искористи изјавата на Обамејанг од пред мечот и реши да го испровоцира поранешниот капитен на Арсенал.
„Ништо лично. Лондон е црвен“, напиша Габриел.