Челси оваа сезона промени неколку фудбалери, како и тренерот, но ниту тоа не им помогна да остварат добри резултати по 13 одиграни кола во Премиерлигата и се наоѓаат далеку од топ-4, а уште подалеку од првата позиција.
Поразот од Арсенал со 0-1 на „Стемфорд бриџ“ го вклучи алармот и газдата Тод Боели реши да интервенира во јануари, а англиските медиуми пишуваат дека наскоро во Лондон би можел да пристигне нов напаѓач.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Челси се поврзува со трансфер на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, кој е одличен во нападот на Јувентус, а „Калчомеркато“ објави дека неговиот потпис би чинел околу 100 милиони евра.
Гигантот од Лондон ќе има конкуренција во битката за Влаховиќ, затоа што за Србинот постои интерес и од Манчестер јунајтед кој бара замена за Кристијано Роналдо.