Родри играчот на Манчестер сити, пред три недели ја освои најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, „Златната топка“.
Како што е познато од Реал Мадрид одлуичија да не се појават во Париз откако дознаа дека Винисиус Јуниор нема да ја доби „Златната топка“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Одлуката добитникот се чува во тајност до крај беше одлична. Немав поим што се случува, се изненадив кога ме прашаа за тоа. Никој не ми кажа ништо пред церемонијата. Во текот на денот, додека се подготвувавме за влегување во авион, добив неколку пораки од пријатели дека Реал Мадрид нема да дојде. Прво не верував, мислев дека тоа се лажни вести“, откри Родри.
„Секогаш треба да сте големи и во пораз и во победа. На такви настани како „Златната топка“ секогаш треба да се појавите и не е важно дали ќе победите или ќе изгубите. Такво нешто јас никогаш не би направил“, додаде Шпанецот.