Дома Фудбал Лига на шампиони Родри го одлучи финалето, Манчестер Сити за првпат е европски шампион!

Родри го одлучи финалето, Манчестер Сити за првпат е европски шампион!

Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога и вечерва во финалето го совлада Интер со минимални 1:0.

Беа фаворити избраниците на Пеп Гвардиола, но сепак на теренот Интер се покажа како рамноправен противник. Првите 45 минути поминаа без посериозни прилики и на двете страни,


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првата најголема шанса на натпреварот ја имаше Интер кога по едно погрешно додавање на Аканџи во одбраната Лаутаро влезе во добра прилика, но Едерсон успеа да го одбрани неговиот удар.

Казната стигна во 68-та минута кога Родри се најде во идеална прилика на „пеналтикот“ и со одличен удар го матираше Онана кој беше немоќен.

Голема прилика за изедначување Интер имаше преку Лукаку во 88-та минута кога Лукаку не реализираше. За Манчестер Сити ова е прва европска титула во историјата, но и прва сезона во која стигнаа до „триплета“ откако претходно во Англија ги освоија ФА Купот и Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…