Дома Фудбал Останато Роденден кој ќе се памети: Паје се уште му е омилен, па клубот заедно со него направи едно добро дело (ВИДЕО)

Роденден кој ќе се памети: Паје се уште му е омилен, па клубот заедно со него направи едно добро дело (ВИДЕО)

Димитри Паје не остана во најдобро сеќавање кај голем број од навивачите на Вест Хем, иако под водство на Славен Билиж во тој лондонски клуб играше навистина фантастично.

Но, Французинот на крајот завои со управата и инстистираше да го пуштат во Марсеј, што на крајот и се случи. И додека е омразен кај поголемиот број на навивачи, Лукас Кембел и натаму е негов голем обожавател.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Негвоиот татко на Твитер објави фотографија на малото момче во дресот на Вест Хем на мечот помеѓу Марсеј и Стразбург.

„Иако замина од Вест Хем и натаму е омилен играч на мојот син“, истакна таткото Дарен.

На негово изненадување, постот станал вирален, а наскоро го забележале и луѓето од Марсеј кои на Лукас му приредиле вистинско изненадување. Одговорија со видео во кое Паје особено му го честита на малото момче роденденот и го повикува во Марсеј на мечот против Мец.

Пресреќното момче повторно отишол на југо на Франција каде бил пречекан од претседателот на клубот, а потоа и неговиот јунак Димитри Паје. Лукас доби поклон од Марсеј, а Паје го гушна го бакна и му се потпиша на дрест.

На крајот од мечот, Лукас имаше само да каже: „Ова е најубавиот ден во мојот живот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сити спреми 100-милионски план за Халанд

Останувањето на Пеп Гвардиола барем уште една година на „Етихад“ му дава надеж на Манчесте…