Во последниот ден од летниот преоден рок во 2008 година како „бомба“ одекна трансферот на Робињо во Манчестер Сити, бидејќи Бразилецот тогаш беше една од најголемите ѕвезди на Реал Мадрид.
Тогаш се шпекулираше дека Робињо практично е пред потпис со Челзи, меѓутоа следуваше голем пресврт и Бразилецот на крај се пресели во редовите на Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мојата цел тогаш беше да се преселам во Челси затоа што таму тренер беше Фелипе Сколари. За кратко време се договорив со клубот, но Реал Мадрид во последен момент го стопираше мојот трансфер затоа што стигна побогата понуда од Манчестер Сити“, изјави Робињо.
„Сепак, точно е дека на управата на Реал не им се допадна тоа што Челси започна да продава дресови со моето име пред да биде финализиран трансферот и поради тоа одлучија да ме продадат на Сити“, додаде Бразилецот.