Репрезентацијата на Косово остана без селектор, а според најавите на медиумите на клупата на оваа селекција би можел да седне Бразилецот Роберто Карлос.




Во косовските медиуми се наведува дека преговорите се во тек, а тоа би бил прв ангажман на Карлос после шест години пауза. Последниот ангажман Карлос го имаше во Делхи Динамос од Индија во 2015 година.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Многу навивачи на Косово и не гледаат премногу со воодушевување затоа што сметаат дека Карлос без разлика што е големо фудбалско име, нема искуство да биде селектор.




Славата Карлос ја стекна како играч на Реал Мадрид каде што одигра 370 натпревари и постигна 47 голови.