Пред да стане легенда на Баерн Минхен каде што во 10 години освои седум титули во низа во Бундес лигата, освои вкупно четири германски куп и Лига на шампиони во 2013 година, Арјен Робен две години беше стартер во Реал Мадрид…
Доколку во редовите на „кралеивте“ не се случеше голема промена во летото 2009 година, Холанѓанецот можеби никогаш нема да дојде во Баерн. Флорентино Перез дојде во клубот и ги доведе Кристиано Роналдо, Карим Бензема и Кака. Робен беше оценет како вишок и му беше покажана излезната врата. За негова среќа Баерн го дочека со раширени раце и во Минхен ги помина најдобрите денови од кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Робен сега откри дека доаѓањето на Роналдо кој беше доведен како негова конкуренција на истата позиција не е клучната причини зошто тој го напуштил Реал.
„Ми стана тешко кога дојде до промена на местото претседател во Реал. Таму се чуствував многу пријатно и играв добро, но политиката тогаш влезе во игра. Кога не добиваш вистиснка шанса тогаш мораш да одлучиш дали сакаш да продолжиш да се бориш или да ја продолжиш кариерата некаде на друго место. Не се работеше само за Роналдо. Перез го купи него, но и Кака, Бензема и Чаби Алонсо. Реал потроши многу пари на тие трансфери и ни беше кажано дека тие пари мораат да се вратат со некои продажби“.
„За мене беше штета што морав да заминам бидејќи имав одличен однос со тогашниот тренер Мануеле Пелегрини. Покрај тоа ги имав најдобрите припреми во кариерата“, изјави Робен.
Робен сега после 10 години си заминува од Баерн, а не е исклучена и можноста да стави крај на кариерата.
„Кога требаше да заминам од Реал и да преминам во Баерн во тоа време Баерн не беше толку успешен во Европа. Мојата цел беше да ја освојам Лигата на шампионите и слободно можам да кажам дека доаѓањето во Баерн е најдобрата одлука која сум ја донел во кариерата“, заврши Холанѓанецот.
"It wasn't because of Ronaldo…"
Arjen Robben told us the real reason why he left Madrid ?https://t.co/gtfJd7rCUQ
— Goal News (@GoalNews) May 24, 2019