Претседателот на аргентинскиот гигант Ривер Плата, Родолфо Донорфио го обиви Реал Мадрид дека се служел со нечесни методи за да дојде до потписот на младиот талент Езекил Паласиос.
Аргентинските медиуми пред неколку дена потврдија дека Реал Мадрид постигнал договор за трансфер на Паласиос кој ќе изнесува 20 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, претседателот на Ривер Плата тврди дека клубот не бил информиран дека „кралевите“ преговараат со нивиот фудбалер.
„Прво не сакавме да веруваме дека тие наводи се точни, но очигледно е дека се вистинити, а тоа ни го потврди и агентот. Бевме изненадени, не очекувавме дека така голем клуб како Реал може да се служи со нечесни работи. Тоа е непочитување кон нашиот клуб“, изјави Родолфо Донорфио.
20-годишниот Паласиос важи за еден од најголемите аргентински талент, игра на сите позиции во средниот ред, а за Ривер Плата дебитираше уште на 16 години.