Искусниот француски фудбалер Франк Рибери денес и официјално потпиша договор со Фиорентина.
Рибери утрово допатува во Фиренца каде што го дочекаа голем број навивачи кои беа воодушевени од неговиот трансфер во Фиорентина. Искусниот Французин ги помина лекарските прегледи и потпиша двегодишен договор.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Според информациите Рибери по сезона би требало да заработува околу четири милиони евра плус 500.000 евра можни бонуси за секоја.
Фиорентина на својата официјална страна потврди дека Рибери ќе го носи дресот со број седум кој е негов заштитен знак.